292
МВР информира дека вечерва на подрачјето на Бит пазар се запленети над 30 000 парчиња пиротехнички средства, при што две лица се приведени.
„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје вечерва (30.12.2020) на подрачје на Бит пазар на ул. 192 запленија над 30.000 парчиња пиротехнички средства,а во врска со случајоте приведени се две лица“, стои во официјалното соопштение од Министерството.
Последниве недели полицијата спроведува засилени контроли, при што досега во повеќе акции одземени се илјадници парчиња во ситте делови на земјата.