Голема полициска акција: Запленети над 100 килограми марихуана

од Nikola Popovski
215 прегледи

Во близина на Скопје, вечерва МВР во голема полициска акција заплени над 100 килограми марихуана. МИА дознава дека освен запленета дрога, во акцијата има и преведени лица.

Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страна на Тетово. Од МВР само потврдуваат дека ваква акција е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во текот на утрешниот ден.

Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми марихуана.

Слични содржини