248
Повеќекратниот шампион во кревање тегови на Ерменија, Татул Харутјунан, бил убиен во војната во Нагорно Карабах.
Ерменската федерација за кревање тегови ја потврди веста за смртта на спортистот на својот официјален профил на Фејсбук, но не ги открила деталите за трагедијата.
„Со големо жалење ве известуваме дека при тензиите во Нагорно Карабах загина член на АПФ, повеќекратен шампион во Еременија и наш добар пријател Татул Харутјујан. Ве молам, прифатете ги нашите најдлабоки сочувства во име на Ерменската федерација за кревање тегови. Почивај во мир, херој“, се наведува во соопштението.
Да потсетиме, вооружените борби меѓу Ерменија и Азербејџан околу регионот Нагорно Карабах влегоа во втората недела.