Голема вечер во ЛШ: Арсенал и Интер ги исфрлија европските гиганти Реал и Баерн

од desk4
67 прегледи

Арсенал го симна европскиот првак Реал Мадрид од тронот со втора победа (1-2) на „Сантијаго Бернабеу“, и со вкупни 5-1 избори полуфинале во Лигата на шампионите. Сака ја отвори серијата со прекрасен лоб, Винисиус израмни, но Мартинели во финишот ги запечати надежите на „кралевите“. По 16 години, „топчиите“ се повторно меѓу најдобрите четири и ќе играат против ПСЖ. Интер и Баерн Минхен одиграа драматични 2-2 на „Џузепе Меаца“, доволно за „нероаѕурите“ да обезбедат пласман во полуфиналето благодарение на победата во првиот натпревар во Минхен. Кејн донесе водство за гостите, но Мартинез и Павар брзо го свртеа резултатот. Даер со глава израмни за конечни 2-2, а Интер успеа да издржи под силниот притисок на Баерн до крај. Следна станица – Барселона.