Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека на Блискиот исток ќе платат „пеколна цена“ доколку заложниците кои ги држеше Хамас во Појасот Газа не бидат ослободени пред неговата инаугурација, на 20 јануари.
„Доколку заложниците не бидат ослободени пред 20 јануари 2025 година, датумот кога гордо ја преземам функцијата претседател на САД, на Блискиот Исток ќе платат пеколна цена“, објавил Трамп на социјалните мрежи, истакнувајќи дека тоа конкретно се однесува на „одговорните што извршиле злосторства“.
Давајќи најексплицитни коментари за судбината на заложниците кои ги држеше Хамас, меѓу кои има и американски граѓани, Трамп додаде дека одговорните за тие злосторства „ќе бидат погодени посилно од кој било досега во долгата и историска историја на Соединетите Американски Држави“, објави Ројтерс.
Хамас претходно денеска објави дека 33 заложници биле убиени во Газа за време на речиси 14-месечната војна меѓу палестинската група и Израел, без да ја наведе нивната националност.
Израел ја започна војната во Газа откако Хамас ги нападна заедниците во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи, според израелски извори, околу 1.200 луѓе и киднапирајќи повеќе од 250 луѓе.
Во израелската воена офанзива што следеше, загинаа повеќе од 44.400 Палестинци, а голем дел од населението во Газа беше раселено, според наводите палестинските власти.