Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на вчерашниот 4.Конгрес на партијата, отстрани дел од старите кадри од најтесното раководство . Конгресот помина без многу врева и инциденти што се своствени за партијата на вакви настани. Партиски извори брифираат дека некои од мошне експонираните кадри на ДУИ не се веќе дел од најтесното раководство на партијата поради забелешки на членството за нибната работа.
Ако се погледнат фотографиите од последниот конгрес на ДУИ, единствени од поранешните команданти на ОНА, во близина на лидерот, се Садула Дураки и Фатмир Дехари. Иако, според последните информации, по конгресот во најтесното раководство веќе го нема и Дураки. Покрај него, уште и Муса Џафери и контроверзниот Бекир Асани од вчера не се дел од највисокото раководство на ДУИ. Во Генералниот совет на владејачката ДУИ не влегоа ниту Аднан Јашари, Фатмир Бесими, Атила Реџепи, Рафиз Алити…
Ахмети со повторно беше избран за лидер на партијата. За него гласаа повеќе од 800 делегати кои учествуваа на Конгресот што се одржа во Скопје, а тој беше и единствениот предлог за лидерската функција од сите 36 ограноци на ДУИ.