Големиот број на независни листи на локалните избори покажува дека има демократија, вели Заев

од Берта Китинска

Логично е некаде каде што можеме во првиот круг да се поддржиме, коалициските партнери да се поддржат и се поддржуваме. Таму каде што не може, ќе се поддржуваме во вториот круг. Затоа е јасно како ќе настапиме насекаде во нашата земја, рече премиерот Зоран Заев .

Иако БЕСА е помал партнер од СДСМ и ДУИ, посочи, и даваме шанса скоро секаде да настапи.

-На тој начин граѓаните имаат опција насекаде да ги изберат најдобрите кандидати и кој од нашите коалициски партнери, вклучувајќи ги и СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА и другите помалку бројни партии, ќе добие поддршка од граѓаните на нивниот кандидат сите ќе го поддржиме во вториот круг, наспроти опозицискиот кандидат, прецизира Заев.

За него големиот број на независни листи на локалните избори покажува дека има демократија. Смета дека дел од тие листи нема да имаат претставници во локалната власт, а дел по неколку.

-Тоа е убавината на демократијата и слободата која ја носи. Ние не ја потценуваме ни една листа. Сите се важни. СДСМ од 2013 година е компактен, но има лица кои одлучија да настапат независно и не ги потценуваме и сметаме дека ќе постанат еден нов квалитет во севкупната живејачка во општините и во државата, рече Заев.

Слични содржини