172
На 19.07.2023 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(30) од с.Страчинци, скопско, удрило во пешакот Т.Ц.(44) од Република Турција, со престој во Скопје, соопштија од полицијата.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во приватна болница.
Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.