МВР го приведе голиот маж кој вчера се шеташе сред центарот на Скопје кај гимназијата „Јоспи Броз Тито“. Во моментот кога се движел, во дворот на училиштето имало ученици кои сведочеле на настанот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници веднаш излегле на терен, реагирале брзо и лицето било приведено и спроведено во полициската станица Центар.
-На 09.04.2025 во 18.55 часот пред средно училиште на подрачје на Центар, полициски службеници го затекнале Ј.Р.(40) од Скопје како се движи на улица без облека. Лицето било приведено во полициска станица, по што од Итна медицинска помош во присуство на полициски службеници бил спроведен во психијатриска болница за понатамошно лекување, соопштија од полицијата.