Голманот на Челси со извонреден рекорд во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Голманот на Челси, Едуард Менди постави нов рекорд во Лигата на шампионите. Во вторникот вечерта тој зачува „сува мрежа“ на мечот против Лил (2:0), кој веќе има 14 натпревари без примен гол во натпреварувањето. Тоа го постигна на првите 18 средби, што е врвно достигнување. Никогаш досега во историјата на турнирот голман не го постигнал тоа толку брзо.

Само оваа сезона, репрезентативецот на Сенегал нема примено гол на пет натпревари од Лигата на шампионите.

Речиси е сигурно дека Менди ќе има шанса да ја продолжи својата серија, бидејќи тимот од Лондон се фаворити за да продолжат понатаму.

Слични содржини