Голомеиќ: Интересот на граѓаните за организирање на свадби е огромен

од Берта Китинска
364 прегледи

Сопственикот на ресторанот Рагуза, Перица Голомеиќ, во изјава Локално.мк вели дека се очекува што поскоро Комисијата за заразни болести, заедно со Владата на Република Северна Македонија да ги донесат заклучоците, под кои протоколи би можело да се организираат свадби, за да може да се припремат со работа, а и младите да можат да се организираат.

Тој истакна дека интересот на граѓаните е огромен, со тоа што голем е бројот на граѓани кои свадбите ги имаат презакажано од лани за оваа година.

-Интересот на граѓаните за организирање на свадби е огромен. Оние што веќе имаа закажано лани, сега очекуваат Комисијата заедно со Владата да дадат зелено светло за организирање на свадби. Она што го имаме доставено до Комисијата е да може да седат 6 луѓе на маса, со плус две деца. Се разбира дека треба да има музика, бидејќи свадба без музика, не е свадба. Очекуваме одговор од Комисијата што поскоро, до крајот на следната недела треба веќе да знаеме, за да може и ние, а и младите да се организираат, вели Перица Голомеиќ, сопственик на ресторанот Рагуза.

Слични содржини