2,1K
Рекорден е голот на Лука Јовиќ со кој Србија успеа да извлече реми 1:1 против Словенија.
Излегува дека е најдоцниот израмнувачки гол во историјата на европските првенства во регуларното време.
Напаѓачот постигна гол точно на истекот на петтата минута од додадениот период од судијата.
Јовиќ влезе како замена во второто полувреме – набргу откако Словенците дојдоа во водство.
Кога Србите постигнаа гол, во нападот се приклучи и нивниот голман Предраг Рајковиќ.