Google откри повеќе детали за начинот, на кој ќе ги категоризира веб-сајтовите врз основа на HTTP и HTTPS протоколи. Новите податоци на компанијата откриваат дека не очекува промена во прелистувачот Chrome, што ќе стапи на сила од септември 2018 година. Потоа, Google Chrome ќе престане да ги означува сите HTPPS страници со ознаката „Secure“ во полето за адреси. Наместо тоа, веб-прелистувачот ќе почне да прикажува како „Not Secure“ кога внесуваме податоци во HTTP страници.
Ова е следниот чекор во стратегијата на Google да се грижи за нашата интернет-безбедност, што ќе стане факт во октомври, објави „VentureBeat“. Потсетуваме дека HTTPS е подобра верзија на HTTP протоколот кој се користи за поврзување на корисниците кон веб-страниците. Нивните лични информации се чуваат на сигурно место и не се споделуваат со трети лица. Користењето на HTTPS нуди дополнително ниво на заштита и гарантира дека сте поврзани на легитимната страница.
Одлуката за отстранување на ознаката „Secure“ од страниците е поврзана со идејата дека корисниците по правило очекуваат веб-страница да биде безбедна. Затоа Google ќе ни каже само кога ќе се обидеме да отвориме сомнителна или незаштитена страница во прелистувачот. Премиерата на Chrome 70, која е предвидена за октомври ќе додаде „Not Secure“ маркер на HTTP страниците во црвена боја, која ќе нè предупредува да внимаваме какви податоци споделуваме со соодветниот веб-сајт.