Google отпушти инжинер кој напишал документ во кој на своите колеги им појаснува дека маќите имаат поголема желба за постигнување статус во техолошката индустрија , а жените се неспособни, од биолошки причини, за работи поврзани со технологијаа.

Џејмс Дамор, инженер кој поради документ на десет страници предизвика бура во Силиконската долина, потврди дека добил отказ. Вели дека е отпуштен поради „поддржување родови стереотипи“, потврди дека добил отказ. Како што вели, ќе ги истражи сите можни правни средства со кои може да ги оствари своите права.
Документот на Дамор некое време кружеше по Google додека за време на викендот не исплива во јавност. Тој во документот напишал дека Google има помалку вработени жени од мажи, затоа што жените немаат желба за работа и се неспособни за работа во технолошката индустрија. Напишал и дека разните курсеви за програмирање за девојчиња, кои ги спроведува технолошкиот гигант, се високо политизирани. Дамор вели дека е уверен оти напорите на Google за вработување жени во оваа компанија ја прават помалку компетитивна на светскиот пазар.
Даниел Браун, заменик-претседателка за диверзификација на рботните места во Google, ги осуди теориите на избрканиот инженер. Вели дека ширење такви стереотипи се длабоко загрижувачки.
Основачот и директорот на Google, Сундар Пичај, на своите вработени им пратил порака во која пишува дека Дамор ги прекршил правилата на однесување во оваа компанија преминувајќи ја границата на ширење штетни родови стереотипи. Меѓутоа, Пичај неспомнува ништо за тоа дали Google ќе преземе некакви мерки против вработениот.