Google веќе ги претстави долгоочекуваните трети генерации на Pixel смартфоните, кои се едни од
најатрактивните понуди во премиум сегментот. Се чини дека двата модели на Google Pixel 3 не се
единствените хардверски уреди на кои работи компанијата. Податоци од кодот на апликацијата
ARCore 1.5 истекоа на Интернет, потврдувајќи го постоењето на уште два паметни телефони во
базата на Google. Нивните кодни имиња се Bonito и Sargo.

Ова се имињата на ретките видови риби, кои целосно се совпаѓаат со постојната стратегија на
Google со моделите Pixel. Во моментов програмерите спроведуваат тестови со Bonito и Sargo,
заедно со новата верзија на ARCore 1.5 платформата со додадена реалност. Единствената друга
функција што ја знаеме е дека паметните телефони ќе работат со Qualcomm Snapdragon 710
процесори.
Со оглед на фактот дека премиерата на Google Pixel 3 беше пред неколку недели можеме да
очекуваме да ги видиме Bonito и Sargo во почетокот на следната година. Ако судиме според
реалните димензии на самите видови риби треба да очекуваме Bonito да има поголем екран, а
Sargo да e со покомпактен дизајн. Ова се работи што ги знаеме за претстојните уреди на Google. Се
чини, сепак, дека компанијата се повеќе се фокусира на хардверот.