Горан Пандев има нов клуб во Италија

од Nikola Popovski
418 прегледи

Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев ја напушти Џенова и ја засили Парма со која потпиша договор до крајот на сезоната, што претставува шестмесечна позајмица.

Пандев ќе биде звучно засилување за Парма, која се мачи и во Серија Б, откако минатата сезона испадна од Серија А.

Парма е само 12-та на табелата, иако има уште време за да обезбеди барем место во плеј-офот.

Пандев во својата кариера настапуваше за Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио и повторно за Интер, Наполи, Галатасарај од кој дојде во Џенова.

За македонската репрезентација одигра 122 натпревари и постигна 38 голови. Пандев во својата кариера има одиграно 633 натпревари.

Слични содржини