Фудбалскиот клуб Академија Пандев размислува да се повлече од активното играње во Првата македонска фудбалска лига.
„Мојот газда и нашиот идол Горан Пандев, како и целиот клуб сериозно размислува. Ова ќе го направиме се додека не се усогласи статутот со Законот за спорт“, изјави Југослав Тренчовски, спортскиот директор на клубот за емисијата „360“.
Голем дел од клубовите сакаат усвојување на Законот за спорт, а реизборот на Сејдини го сметаат за нелигитмно. Тие исто така сметаат дека клубовите треба да го имаат главниот збор во Законот за спорт, а не федерацијата.
„ФФМ лани доби 4,3 милиони евра поради ковид-пандемијата од УЕФА и истите средства требаше да бидат наменети за обнова на фудбалската заедница односно клубовите“, вели Тренчовски.
ФФМ дбива да го смени статутот според кој е избрано актуелното и сите претходни раководства. Сметаат дека нема потреба затоа што не е во согласност со Законот за спорт.