Горан Сугаревски по вторпат ќе биде претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

од Nikola Popovski
304 прегледи

Попладнево се одржа првата седница на новоизбраниот Надзорен одбор на СДСМ, на којашто покрај членовите присуствуваа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организациониот секретар, Мартин Попов.

За претседател на Надзорниот одбор на СДСМ е избран Горан Сугаревски, а на оваа седница се поставија и темелите за понатамошна работа. Ова ќе биде вторпат да ја извршува функцијата.

„Надзорниот одбор на партијата е важен орган, задолжен за надгледување на финансиската и деловната активност, за оценување на статутарноста на актите и одлуките кои се носат, а надлежен е и за спроведување на Етичкиот кодекс за однесување“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека ова тело во иднина фокусот ќе го стави на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот Кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови на партијата.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во обрќањето пред членовите посочи дека СДСМ е прва партија која вовела нов, современ Етички кодекс за членовите и носителите на раководни должности во партијата и државата, додавајќи дека очекува посветена работата на Надзорниот одбор во сите сегменти.

„Со Етичкиот кодекс СДСМ дефинираше највисоки етички стандарди во поглед на чесноста, транспарентноста, одговорноста. Оваа генерација политичари во СДСМ дава пример и конкретен придонес. Преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење. Тука очекувам максимален анжаман и посветеност на Надзорниот одбор и убеден сум дека тоа ќе го направите. Тоа се нашите вредности“, посочи Николовски.

Принципот на спој на искуство и освежување, на нова енергија и полет СДСМ го преслика и во составот на Надзорниот одбор на партијата.

Меѓу нив има личности кои многупати досега се докажале внатре во партијата и во општеството, но има и нови лица кои се спремни да се вложат во процесот на постојани промени на подобро, да се вградат во политиките на СДСМ.

Слични содржини