Сугарески: Мислечките умови во Прилеп ќе останат да работат со мене

од Nikola Popovski

Го сакам премногу Прилеп за да размислувам што е тоа што ме нервира кај него, вели кандидатот за градоначалник на СДСМ за градот, Горан Сугарески во емисијата „Само вистина“.

-Мислам дека секогаш за работи за кои сме изразувале сомнеж, сега е време да бараме начин како да се подобрат. Нема исклучивот во делот на тоа дека ова ме нервира. Сметам дека актуелната постоечка состојба, од кои дел се добри, треба да бидат подобрени, рече Сугарески.

Според него, тој ќе биде градоначалник на сите.

-Мислечките умови во градот ќе останат да работат со мене, за да го направиме Прилеп подобро место за живеење, посочува поранешниот министер за транспорт и врски.

Слични содржини