Пентагон објасни што прават американските војници во Украина

од Vladimir Zorba

САД веќе го започнаа процесот на испраќање оружје во Украина од последниот пакет помош, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

– Вооружувањето ќе биде доставено (на Украина) во рок од неколку дена, ако не и порано – рече Рајдер на брифингот.

Тој исто така тврди дека американски војници во Украина не ги обучуваат украинските единици.

– Американските војници не ги обучуваат локалните сили во Украина. Во Украина во канцеларијата на амбасадата за одбранбена соработка се присутни мал број советници кои обезбедуваат информации, ја поддржуваат логистиката, учествуваат во програмата за контрола на оружјето и обезбедуваат мониторинг – истакна Рајдер.

Како што додаде тој, САД сè уште не донеле одлука за зголемување на бројот на воени советници во Украина.

– Најпрво би сакал да појаснам дека се уште се разгледува прашањето за испраќање дополнителни советници, одлука не е донесена. Но, доколку се донесе таква одлука, има неколку клучни работи. Пред се, тоа ќе биде мал број советници. Второ, овие луѓе ќе работат во амбасадата и ќе подлежат на истите ограничувања за патување како и другите вработени во амбасадата – објасни портпаролот на Пентагон.

Повтори дека овие лица „ќе ја играат улогата на советници“.

– САД немаат намера да спроведуваат борбени операции на територијата на Украина, а овие сили нема да бидат блиску до линијата на фронтот – рече Рајдер.

Да потсетиме, американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша законот за помош на Украина и другите сојузници. Во Киев ќе бидат доставени муниција, системи за противвоздушна одбрана, артилерија, ракетни системи и оклопни возила. Инаку, пакетот воена помош за Украина е вреден 61 милијарда долари.

Слични содржини