Ѓорчев се закани: 453.000 граѓани нема да дозволат да им се украде победата

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Поразениот Зоран Заев сака да ја украде убедливата победа и тоа нема да го дозволиме, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во партиското седиште. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ победи и во број на пратеници и во освоени гласови и во победи по општини.

„За тоа кој ќе ја составува владата не одлучува Зоран Заев, туку граѓаните на Република Македонија“, рече тој.

Според Ѓорчев, победата на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија и меѓународните институции и ДИК. Ѓорчев рече дека народот нема да му дозволи на Заев да ја украде демократски изразената волја на граѓаните.

„Си играат со трпението на трпелив човек. Си играат со гневот на трпелив човек“, рече Ѓорчев, порачувајќи ми на Заев да не ја турка државата во сценарио што не е добро.

„Тој директно упати повик до ДИК за фалсификат“, рече Ѓорчев.

– Ни требаат честитки и сплотеност. Во други земји се честитала победа во САД, во Германија во Италија за минимални разлики а Заев не треба да ја турка Македонија во сценарио кое не е добро за земјата, дополни Ѓорчев.

– Во оваа нивна лакрдија имаат намера да ја носат Македонија таму каде што никој не сака. ДИК пред сегашноста и пред историјата треба да има интегритет. Таа треба да има јасен став. Знаеме дека изборите беа кристално чисти. Ајде да се заврши и во европски манир да си честитаме и да престане ова сценарио за подривање и дестабилизација. 453.000 граѓани нема да дозволат да им се украде победата, порача Ѓорчев без притоа да одговара на новинарски прашања.

https://www.youtube.com/watch?v=mTiGU6ujYP8