Ѓорчев е вториот пријавен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

од desk2
100 прегледи

Пратеникот Влатко Ѓорчев, кој денеска соопшти дека ќе аплицира на партискиот конкурс за претседател на Македонија е вториот пријавен кандидат на јавниот оглас што го распиша ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите на „Независен весник“, пред неколку дена пријава испратил симпатизер на партијата, кој не е експониран во јавноста и кому не му се даваат ниту теоретски шанси да биде фаворитот на опозицијата за наследник на Ѓорѓе Иванов.

Јавниот оглас ќе биде отворен до крајот на месецот, а кандидатите потоа ќе имаат петнаесет дена да ја претстават својата програма пред општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Победникот ќе биде избран на партиската конвенција на 16 февруари./Nezavisen