266
Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев смета дека треба да се оствари една широка дебата за спорот со Бугарија, во која би биле вклучени и други важни институции и личности од земјава.
-МАНУ и УКИМ треба да се вклучат и тоа треба да биде преку Собранието. Исто така треба и Сојузот на писатели, луѓе кои се битни чинители во македонското општество, наведува Ѓорчев, додавајќи дека нашиот Устав го дозволува.
-Мораме да зборуваме отворено и искрено, смета Ѓорчев во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Тој додаде дека ова треба да биде налик на ситуацијата во Бугарија, каде се развила широка општествена дебата со вклучување на интелектуалците, Академијата на науките и медиумите и се дефинирале црвените линии со Македонија.