Поранешниот министер и поранешен амбасадор, Марјан Ѓорчев вели дека најприродна работа е интерпелација во Собранието на Владата, после таквите изборни резултати.
-Политичката криза е многу акутна, поради енергетската криза, проблеми со Буџетот, преговорите со Бугарија и нормално опозицијата бара отчетност од Владата. Зборот БЕСА значи многу. Кога сте дале збор и не се појавувате на седница, а не давате објаснување на Фејсбук. Според мене, пратеникот има тројца улога: одговорност пред своата совест, второ е општественото битие пред граѓаните и одговорноста пред партијата што го предложила. Зошто не дојде во Парламентот и да гласа против? Зошто не се јави на Касами. Нејасно е зошто го нема, појаснува Ѓорчев во емисијата „24 анализа“ и смета дека има многи нејасни моменти во одлуката на БЕСА зошто е за пад на владата, „особено поради битката за Тетово, битката за Желино, односите во Чаир…“.