Ѓорчев смета дека извозот на сув цвет од канабис значи изнесување на дрога на улиците

од Aleksandar Todeski
369 прегледи

Ситуацијата пред три години и сега не била иста, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев откако заврши со прес конференцијата во Собранието. Според него, извозот на сув цвет ќе значи „изнесување на дрога на улица“, а не извоз надвор од државата, како што бараат фирмите кои влегоа во бизнисот со канабис за медицински цели.

Ѓорчев не образложи зошто е против Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, туку само ја споредуваше земјата со Колумбија. Во говорот ја спомена и актерката Силвија Стојановска, која е осомничена за шверц со кокаин.

„Апелираме до власта да се повлече овој закон и да немаме ситуација во Македонија каде што државата постепено станува Колумбија на Балканот. Мора Македонија да ја држиме надвор од картелите и нарко босовите. Имаме ситуација каде во Шпанија велат дека македонски граѓани, поранешна шарена револуционерка учествувала во шверц на дрога“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека  не се потребни картели и сомнителни мафијаши од типот на Биг Мајк, бизнисменот кој најави инвестиција во бизнисот со канабис за медицински цели.

А.Т.

Слични содржини