Гордон Ремзи и неговата сопруга Тана конечно добија петто дете. Тој објасни дека името на неговиот новороден син ќе биде Оскар Џејмс.
52-годишниот Гордон и неговата сопруга веќе имаат две големи ќерки – Меган на 21 и Матилда на 19 години. Тие се исто така родители на 17-годишни близнаци Џек и Холи.
Во смешен пост на Твитер, вчера ѕвездата на Hells Kitchen напиша: “По три BAFTA и една Еми награда конечно освоивме Оскар. Ве молиме поздравете го Оскар Џејмс Ремзи, кој се појави на светот денес во 12:58 напладне! “
44-годишната Тана објави дека чекала бебе на новогодишната ноќ, споделувајќи фасцинантно видео во социјалните медиуми што го покажува нејзиниот стомак.
Можеби се сеќавате, но Тана и Гордон доживеаја голема загуба во 2016 година, кога таа претрпе спонтан абортус во петтиот месец од нејзината бременост.
Неколку месеци подоцна, Ремзи во интервју рече дека загубата го зајакнала всушност нивното семејство.
Тој рече: “Во тој момент сфаќате колку сте среќни со она што веќе го имате. Оваа трагедија ја направи нашата семејна единица уште посилна “.
