Доцна попладнево, пожар зафати напуштен поранешен ресторан, во центарот на Скопје, на улицата „Максим Горки“, во близина на Соборниот храм.

Противпожарните екипи реагирале веднаш, како што појаснија и очевидци од околните згради, а еден од 13-мина пожарникари кои го гаснеа пожарот се здобил со мала, незначителна повреда од ќерамидите на кровот на објектот.
Според мислењето на командирот на противпожарната бригада, пожарот најверојатно бил подметнат, но, истрагата ќе ги посочи официјалните причини./24 Вести