Ѓоргиев: Бугарија се обиде проблемот со Гоце Делчев да го претстави како европски спор, но не им помина во ЕУ

од Nikola Popovski

Членот на мешовитата комисија со Бугарија, Ванчо Ѓоргиев за емисијата „Што не е јасно“ изјави дека Гоце Делчев е само едно од прашањата.

„Не е случајно одбран и зошто толку прашина се крена околу тоа прашање, тоа е токму заради фактот што Делчев е фронтмен на македонското револуционерно движење од пред илинденскиот период. Човек кој што во меѓувреме уште додека беше жив практично стана најпочитуваната личност меѓу активистите на македонското револуционерно движење. И човек неоспорен бранител на самостојноста и самобитноста на македонското револуционерно движење“, вели Ѓоргиев.

Ѓоргиев додаде дека Бугарија во македонската историја гледа закана.

„Соседите односно Бугарија се обиде проблемот со Гоце Делчев да го претстават како европски спор, но не им помина во ЕУ“, рече Ѓоргиев и дополни дека Делчев е мит.

„А, во случајот не треба да зборуваме за мит, но издигнат на ниво на мит, тој е реална личност, историска личност, човек кој што бил жив, кој што делувал меѓу сите. Тој е одбран како еден од првите предлози од страна на колегите од Исток, затоа што Делчев е вграден во македонското ткиво, во македонскиот код. Делчев е дел од нашата химна. Делчев е инспирација како што реков на патриотизам, на македонски патриотизам“, нагласи тој.

Германското Министерство за надворешни работи одбива директно да го коментира бугарскиот меморандум за преговорите на Северна Македонија со ЕУ, додека германската амбасадорка во С. Македонија, Анке Холштајн денеска во интервју за Радио Слободна Европа порача дека, според мислењето на нејзината но и на други земји-членки на ЕУ, „билатералните спорови не треба да се ставаат во преговарачката рамка“.

„Билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално“, изјави Холштајн.

Слични содржини