Ѓоргиев: Бугарските историчари инсистираат на само една вистина за 10-тиот и 11-тиот век

од Nikola Popovski
377 прегледи

Копретседателот од македонска страна на Заедничката историска комисија со Бугарија, Драги Ѓоргиев информира дека не успеале да постигнат согласност за препораки со бугарските колеги во однос на македонските учебници за 7-мо одделение.

-Се уште дискутираме за претставувањето на државата на цар Самуил во учебниците. Не можеме да формираме заедничка препорака. Имаме различен пристап во преставувањето на настаните и личностите од средниот век. Тие инсистираат настаните од 10 и 11 век да се претстават како една перцепција на само една вистина за таа личност. Тие се обидуваат да го претстават Самуил во сите негови различни толкувања и тоа е главен проблем во разидувањата, вели Ѓоргиев во изјава за ТВ Телма.

Тој најави дека до следната средба ќе работат на тоа да инкорпирираат еден член во македонскиот тим од Комисијата.

Слични содржини