Очекувам жестока дебата меѓу историчарите од двете земји за крајот на 19 и почетокот на 20 век, вели копретседавачот од македонската страна на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев околу работата на Комисијата во следните години.
Според него, споменатиот период „ќе биде многу проблематичен“.
-Периодот на Втората светска војна е многу јасен, нема за што да дебатираме. Постојат документи од бугарските архиви, од бугарската Влада дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија. Искрено тука не очекувам поголема дебата и одолговлекување, бидејќи ние тука сме на многу посигурен терен, постојат еден куп документи за нашата борба во Втората светска војна, за идеите за кои се борат Македонците. Јас сум тука прилично голем оптимист дека ќе можеме полесно да се договориме, потенцира Ѓоргиев.
Тој појаснува има реципроцитет во работата на Мешовитата комисија.
-Дваесет пати во делот за работата на историската комисија се употребува терминот „двете страни“, значи има 99 отсто реципроцитет во работата на Комисијата“, порача професорот во емисијата „Топ тема“.