Ѓоргиев: Заглавивме околу државата на Цар Самуил во учебниците за 7-мо одделение, не можеме да ги прифатиме бугарските предлози

од Nikola Popovski

Драги Ѓоргиев, копретседател на македонската страна во Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, изјави денеска повторно дошло до несогласување во различните пристапи во начинот на работата.

„Имавме 5-6 средби досега и сите се без резултати. Ние сме во методолошки ќорсокак“, вели Ѓоргиев за емисијата „Само вистина“.

Тој посочи дека денес разговорите заглавиле околу учебниците по историја за 7-мо одделение.

„Дебатата е за средниот век, односно за претставувањето на државата на Цар Самуил во македонските учебници. Досега постигнавме договор за заедничкото чествување на царот, но втор сегмент е работата на учебниците. Не можеме да прифатиме да се претстави таа држава како единствен и директен наследник на бугарското царство“, потенцира Ѓоргиев.

Македонската страната, како што велат, денеска дала предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и применливи.

Слични содржини