Ѓорѓиевски да не се фали со проекти од претходната локална власт, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
192 прегледи

СДСМ го обвини градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски дека се фали со проекти од минатата локална власт.

-Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски бидејќи изминува веќе 1 година од неговиот мандат, а нема започнато, ни реализирано, ниту еден сопствен проект пробува да се кити со туѓи перја и да се фали со проекти на претходната локална власт. Го потсетуваме Орце Ѓорѓиевски дека на последните избори тој ја доби довербата од граѓаните да спроведува и реализира проекти кои тој ги вети во сопствената програма, а не да промовира проекти од претходната локална власт и централната власт, порача Бојан Петрески, од општинската организација на СДСМ Кисела Вода.

Тој информира дека новата градинка „Пеперутка 3“ во населба Драчево на вкупна површина од 600 метри квадратни и со капацитет од 120 дечиња е целосно изградена од претходната локална власт во општина Кисела Вода.

Слични содржини