Ѓорѓиевски: Сѐ додека сум јас градоначалник на Кисела Вода, никој нема да гради спротивно на законот!

од Берта Китинска
208 прегледи

Денес, дел од жителите на Кисела Вода сведочеа дека инвеститорот и покрај забраната се дрзнал да донесе машини и работници и да продолжи бесправно да гради.

На терен излезе и првиот човек на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој на жителите им порача:

-Сѐ додека сум јас градоначалник, никој нема да гради спротивно на законот! Заклучно со првиот ден од почетокот на мојот мандат, заврши праксата од минатото, односно самоволието и малтретирањето на моите сограѓани. Ревизијата на објектот која ја направивме, потврди најмалку 4 основи за поништување на одобрението – отстапка од квадратура, намената за градба овде е А1 а не како што тие си ги поврзале објектите за да добијат еден влез и квадрати плус итн., појасни тој.

Како што рече Ѓорѓиевски, во целата оваа работа проблем за нив е што претходно, како што рече, со амин од општината почнале да градат пред време и без одобрение.

– Исто така, направената ревизија беше по иницијатива на граѓаните преку собирање на над 200 потписи, мое ветување кон нив и во рамки на проектот ,,Стоп за урбаната мафија”. Врз основа на сите овие аргументи јас ги поништив одобренијата!

Градоначалникот денеска зааедно со револтираните граѓани, уредните документи од поништените одобренија во рака и МВР отидоа на лице место и сето ова самоволие беше експресно запрено и завршено!

– Да потсетам за тие што не се во тек, во Кисела Вода веќе неколку месеци има нова локална власт, така што навиките стекнати од минатото не се пракса во моето работење. Мене не ме интересира кој е, со кого е и на кого е роднина или пријател, законот во Кисела Вода важи подеднакво за сите и никој не смее да го прескока, а секој што ќе се обиде, ќе биде санкциониран во согласност со истиот.Сакам да напоменам и дека, од мене градежниот сектор секогаш ќе има поддршка и ќе придонесуваме за развој на истиот, но ИСКЛУЧИВО во рамки на законските прописи, водејќи грижа за хуманото живеење и постојните жители на сите населби во Кисела Вода, порача тој.

Слични содржини