Ѓорѓиевски: Сум вработил само еден човек, ќе поднесам тужби за клевета

од Nikola Popovski

Лаги се денешните обинувања за фамилијарни врски со лица од мојот кабинет. Тоа што некој по игра на случајност има исто презиме со мене, кое е често, не значи дека ми е роднина. Затоа ќе поднесеме тужби за клевета, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во врска со обвинувањата изнесени на денешните прес конференции на СДСМ.

Наспроти ова, тој денес, од говорница, ги изнесе документите со кои јавно ги објави лицата кои во времето на градоначалникот Филип Темелковски, воопшто не биле видени на работа, а Општината им исплаќала баснословни суми. Некои од нив и во висина од 90 000 денари. Од говорница, Ѓорѓиевски ги читаше имињата на вработените роднини на градоначалникот, роднини на директорот на затворот Скопје, кумовите на неговите браќа и пријатели, звучни лица познати во јавноста по конекциите со СДСМ, кои биле ангажирани од страна на Темелковски и кои, најави Ѓорѓиевски ќе треба да ги враќаат парите. За овие четири години за вакви 120 партиско-роднински вработувања Темелковски исплатил околу 3. 800 000, 00 евра.

-Тоа е повеќе од половина буџет на Општина Кисела Вода или, толку чини изведбата на една фекална канализација. Тоа им го одзел на нашите жители, градоначалникот од партијата чии советници денес имаат образ да излезат на прес конференција и да ја лажат јавноста, истакна Ѓорѓиевски. Ги праша и дали како советници не се срамат што, лице кое ја застаувало нивната политичка опција, покрај наведените времени вработувања, вработило и 64 лица во редовен работен однос, додека тие лицемерно говорат за пренатрупаната администрација. Сите претходни градоначалници заедно, немаат вработено толку лица колку што тоа успеал да го стори Филип Темелковски самостојно, рече Ѓорѓиевски и додаде дека наспроти тоа, тој вработил вкупно еден човек, а тоа е секретарот на Општината и тој е презеден од друг институција.

Владеачката СДСМ побара Ѓорѓиевски „да ги пренамени овие пари и наместо за партиски војници и мегафони 100.000 евра да ги насочи за општината и граѓаните“.

-Наместо за непродуктивни трошења и партизација на општината, парите да завршат назад кај граѓаните, соопштија од СДСМ.

Слични содржини