Гори приемното одделение во затворот Идризово

од desk2
146 прегледи

Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната конструкција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.

Лицата од приемното одделение во моментот безбедно биле префрлени во други простории.

Противпожарната служба на Град Скопје интервенира со неколку возила.