Гори сува трева во близина на селото Тајмиште

од Берта Китинска
143 прегледи

Гори сува трева во близина на кичевското село Тајмиште, потврди за МИА Регионалниот центар за управување со кризи од Охрид.

Вчера интервенирале две противпожарни возила од Кичевската пожарна со шест пожарникари и тројца вработени во шумското стопанство „Лопушник”.

– На терен денеска се тројца вработени во шумското стопанство „Лопушник”. Пожарот е далеку од населените места и не постои опасност од зафаќање куќи, изјавија од РЦУК Охрид.

Според РЦУК, ниско стеблеста шума и сува трева гори и во близина кичевското село Бачишта, но и таму било далеку од населеното место и не постоела опасност за населението.