Џастин Бибер ноќеска го објави својот прв албум по пет години пауза, а неговите фанови се во апсолутен транс, па хаштагот #ChangesOutNow на Твитер е на врвот на трендовите, а повеќе од 130 илјади луѓе коментирале.
Бибер вели дека овој R&B музички проект настанал низ медитација и промени низ кои минувал во последно време, а повеќето од песните ги посветил на сопругата.
Бибер предходно објави три сингла од албумот, на 3 јануари го објави Yummi, како ода за сопругата. Потоа на крајот на јануари ја објави Get Me, а потоа е објавена и третата, пред седум дена, Intentions.
Бибер е во „полна брзина“ кон враќање на светската слава. Крајот на јануари на својот Јутјуб канал тој го објави документариот серијал Seasons, во кој објави детали од приватниот и деловниот живот, за своето ментално здравје, но откри и колку се бори против зависноста.
Бибер моментално се подготвува и за турнејата Changes, која ќе трае од 14 мај до 26 септември.