Виртуелниот рок бенд Gorillaz се враќаат на музичката сцена со парче против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Бандата која е проект на музичарот Дејмон Албарн од Blur, не објавила музика од шест години.
Песната со наслов “Hallelujah Money”, обединува во себе трип-хоп ритам и електронски ефекти, а вокалите се на пејачот Бенџамин Клементин.
“Кога ќе си легнеш / БЕГААТ од далечниот исток доаѓаат да ги јадат неговите плодови / и мислам дека најдобар начин да се подобри нашето дрво / е како изградиме ѕид околу него”, се пее во песната.
Во видеото за песната Клементин влегува во златен лифт кој личи на оној во “Трамп Тауер”, а зад него се дизајнирани слики, кои вклучувааат марш на Кју Клукс Клан и африкански танчери.
Во порака на Фејсбук Gorillaz дадоа знак дека подготвуваат и нов албум, кој ќе биде прв од 2011 година, кога излезе “The Fall”.