190
Горниот дом на италијанскиот Парламент синоќа изгласа доверба на новата Влада на премиерката Џорџа Мелони.
Пратениците на Долниот дом ѝ изгласаа доверба на новата влада во вторникот вечерта.
Во Сенатот синоќа 115 пратеници се изјаснија за новата коалициска влада на Мелони, додека 79 беа против, а пет беа воздржани, пренесува АП.