Гошев: Без добро организирана држава нема економски раст (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши, особено не со овој економски и политички систем, посочи Петар Гошев на  дебатата „За слободно општество и социјална правда“, во организација на Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ и „Заслужуваме подобро“.

гошев– За да се намали невработеноста, треба да се зголеми економскиот раст, но за тоа треба многу добро организирана држава, силни институции, добро образование, добро здравство, со расчистени поими што е фер, што е правично – доколку ова го нема во едно општество, тоа не може да даде економски резултати – рече тој.

Гошев посочи два главни показатели за целата беда на целото општество.

– Од 1991 до 2013, Македонија има економски раст од само 1,3 отсто. Глобалната стапка на раст во светот е два-три пати поголема од таа, а земјите во развој што се компаративни со нас, имаат уште поголем раст од тоа. Значи тоа е нашиот комплетен неуспех. Поради таа стапка на раст, Македонија го губи своето население. Во 1991 Македонија имала 2 милиони, 33 илјади и 946 жители, тогаш имаше попис, сега со прогнозите на Груевски и Ахмети имаме 2 милиони и 67 илјади жители или раст само од 33.500 жители, што просечно годишно е само 2.395. Но, не е целата трагедија во овој раст што го нема, зашто без раст на населението нема ниту раст на економијата. Трагедијата е што овие 2 милиони и 67 илјади ги нема во Македонија, не знаеме колку се намалува работната сила по квалитет и квантитет, зашто бандите не дозволуваат собирање на точни податоци. И затоа е невозможно Македонија да има економски раст, само според овој фактор, кој е пак последица на нешто друго – рече Гошев.

 

Видео: А1он