472
„Во последно време, судската власт се буди, односно почнува процесот на ветинг и мислам дека тоа настана од барањата на јавноста“, смета поранешниот министер за правда, Туше Гошев за емисијата „Студио 10“.
Според него, кај нас институциите на системот се констутирани по концептот на релативизиран паралелизам.
„Тоа значи дека секој орган функционира во рамките на своите овластувања, кое е овластено согласно Уставот и законите. Приведувањето на Камчев мора да било направено согласно законите. АНА има право да собира информации доколку смета дека се релевантни. Сигурно оваа постапка е водена повеќе дена, ова не е само ден или два“, вели Гошев.