Гошев за Алсат: Ирелеватно е дали Груевски ќе каже дека извештајот на ММФ е добар или лош, тој ги брани само сопствените криминали…

од desk3
150 прегледи

Можно е да се случи Владата да се обидува да ги разубеди луѓето од Вистеон Електроникс, затоа што политичкиот момент не и одговара на Владата, тие да си заминат, бидејќи се отвора тема за која некој од нас предупредувале. Но, што друго ќе треба да дадат, е друго прашање, вели Петар Гошев, поранешен Гувернер на НБРМ, во интервју за Економски магазин на Алсат.
Економски магазин: Ќе Ви го цитирам премиерот Никола Груевски: „Мене ми е драго што излезе овој извештај затоа што ги негира сите досегашни обвинувања дека Владата ја презадолжила земјата, дека наскоро ќе има крах, дека долгот е екстремно висок, дека ние само создаваме некаква привидна слика дека имаме низок долг. Еве сега една од најеминентните институции во светот како ММФ излезе со извештај во кој јасно покажа колку е јавниот долг колку е на другите држави и се гледа дека Македонија со државен долг од 36% и јавен долг од 43 % е во првите 5 најниско задолжени земји во Европа.“

Гошев:Ако ги следите изјавите на премиерот и на другите владини функционери, има ли извештај кој тие го оценија така како што треба? Тие кажаа дека е добар и последниот извшетај на ЕК, не рекоа ни дека е критички извештајот на Прибе, кој зборува за распад на системот. Тие и тој извештај го оценија дека е поитивен, а овој извештај премиерот не го прочитал , а и да го прочитал ќе каже дека е добар извештајот, бидејќи тие луѓе се потврдија како ноторни лажговци, маниупуланти и крадци. Така што нивната изјава за тоа дали нешто е така или не е така е апсолутно ирелевантна. Тие ги бранат сопствените погрешни политики, сопствените криминали. Овој извештај укажува на многу слабости и лоша економска политика.
Еве, премиерот Никола Груевски рекол дека Македонија не е задолжена земја. Но, извештајот вели дека долгот од 2008 година е дуплиран. Истото го зборува и критичката јавност, тоа е страотна динамика на задолжување, и таа е неодржлива.
Второ, извештајот вели дека процентот на долгот е 44% на јавниот долг, кој не е целосен, и е изразен само со две јавни претпријатија, т.е АП Патишта и Елем, другото го нема. Овде го нема долгот на општините, бидејќи на интернет страната каде монетарците црпат податок има 15 милиони евра долг на општините, а само една општина има толкав долг.

Трето, овде вели дека просторот за нови задолжувања е исцрпен. Фискалното правило што сака владата да го постави на 60% јавен долг од БДП, овде во извештајот е наведено дека е неприфатливо за РМ и дека земјата треба да се сообрази со она фискално правило што во регионот е прифатливо, а според тоа, јавниот долг не смее да биде повеќе од 50% од БДП. А, овде вели дека и јавен долг од 50% од БДП не треба да биде границата на РМ, туку треба прилично под тоа, за да се остави простор за реакција при определени шокови кои може да се јават. А, кога ќе се соберат сите долгови што ги имаме нашиот јавен долг не е под 50% од БДП.
Повеќе ТУКА