Во тестаментот на папата Франциск, напишан на 29 јуни 2022 година, се наведува дека неговите посмртни останки ќе бидат погребани во базиликата Света Марија Мајор во Рим, Италија. Франциск напишал во својот тестамент дека се молел во ова древно маријанско светилиште на почетокот и на крајот од секое апостолско патување. Тој побарал неговиот гроб да биде подготвен во нишата на страничниот кораб, помеѓу капелата Полин и капелата Сфорца.
Франциск изјавил дека гробот треба да биде во земја, едноставен, без украси и со еден единствен натпис, Franciscus.
„Трошоците за подготовка на мојот погреб ќе бидат покриени од средствата добиени од добротворите, за кои го организирав трансферот во базиликата Света Марија Мајор и за кои дадов соодветни упатства на Роландас Макрикас, литвански католички кардинал кој служеше како помошник-надбискуп на базиликата Света Марија Мајор“, додаде Франциск.
Господ да им ја даде заслужената награда на оние што ме сакаа и што ќе продолжат да се молат за мене. Страдањето што беше присутно во последниот дел од мојот живот му беше принесено на Господа за мир во светот и братство меѓу народите“, напиша Франциск во својот тестамент.
Ватикан во понеделникот објави дека папата Франциск починал од мозочен удар кој предизвикал кома и срцев удар.
„Смртта е констатирана со електрокардиограм“, стои во изводот на смртта, потпишан од директорот на Одделот за здравство и хигиена на Ватикан, професор Андреа Арканџели.