Гостиварец со нож ги нападнал мајката, сестрата и малолетната внука

од Nikola Popovski
251 прегледи

Денеска (23 ноември) во 11 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека 26-годишен жител на гостиварско село во семејниот дом, најпрво со остар предмет неколку пати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и неговата 50-годишна мајка, 29-годишна сестра и малолетна внука.

Набргу, пријавениот кој се соочувал со здравствени проблеми, како и трите други повредени лица биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош и се надвор од животна опасност.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Слични содржини