224
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 52-годишниот Н.Ш. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 07.05.2020, пријавениот физички го нападнал М.И., по што се обидел да го повреди со нож и секира, но не успеал. Притоа, со повреда се здобил Р.И., татко на М.И., кој му помогнал. По настанот, пријавениот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.