Готов за само 10 минути: Џем од јагоди кој ќе ве врати во детството

од desk2
160 прегледи

Освојува на првиот залак…

СОСТОЈКИ:
700 гр јагоди
150 гр шеќер
1 лажица сок од лимон
2 лажички екстракт од ванила
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јагодите добро измијте ги и исчистете ги, па исечкајте ги на парчиња со средна големина и ставете во лонец. Додајте шеќер, затворете со поклоп и почекајте да зоврие со повремено мешање. Кога ќе се појави бела пена, тргнете ја со лажица.
Откако ќе зоврие, гответе уште 10 минути максимално. Кога ќе поминат 8 минути, додајте сок од лимон и екстракт од ванила. Џемот ставете го во тегли и чувајте го во фрижидер./Bakina

Слични содржини