Гоце Делчев нека го чествува кој сака, порача Пендаровски

од Vladimir Zorba

Гоце Делчев нека го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците кои го чествуваме, кои го почитуваме, да ни прави уште поголемо задоволство, поголем мерак. Станува збор навистина за фигура која далеку ги надминува, јас би рекол, и регионалите рамки на Балканот.

Ова го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по денешната седница на Советот за безбедност.

– Она што навидум не дели, треба да не спојува. Јас мислам дека тој е македонски револуционер, кој е еден од најзаслужните за македонската држава која стана вистина, која се оствари по 1944 година. Меѓутоа тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин, се борел за бугарската кауза, е за мене неспорно. Секој има право тоа да го брани. Зошто тоа би било проблем, не во однос на евроинтеграциите, генерално како народи, како граѓани, не гледам проблем ако ти го сметаш некого за јунак да го чествуваш и ти, и тоа не мора да биде исклучиво, рече Пендаровски на новинарско прашање за Гоце Делчев чиј македонски идентитет се оспорува со Меморандумот од Бугарија.

loading...

Слични содржини