Уживајте во неделата со превкусен ручек.

Состојки:
4 говедски стека,
4 лажици путер,
сол, црн пипер,
8 лажици путер,
2 сечкани кромиди,
500 мл неутрална хопла,
160 грама фета сирење здробено на трошки.
Подготовка
Зачинете ги стековите од двете страни со сол и црн пипер. Намачкајте ја тавата со 2 лажици путер и печете ги стековите додека да станат средно готови.
Пржете го кромидот на 8 лажици путер на висока температура. Намалете ја температурата и прелијте го кромидот со хоплата. Динстајте 5 минути или додека сосот да се намали за половина. Додајте го фета сирењето и мешајте додека да се стопи. Послужете ги стековите прелеани со сосот.