„Говорот на срцето“ книга раскази на Славица Цветкова

од desk2
70 прегледи

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани синоќа беше претставена најновата книга на роднокрајниот автор Славица Цветкова, збирката раскази „Говорот на срцето“. Се работи за збирка од 22 раскази создавани неколку години наназад.

– Настаните во расказите на Цветкова се сосема реални и лесно може да се воочи дека се црпени од вистински животни приказни, оставајќи ни лепеза од животни стории блиски до нашите, до оние на соседот, колегата, кои вреди да се препрочитаат бидејки будат спомени, истакна во своето обраќање до присутните Аника Илијеска Горгиева, промотор на збирката раскази.

„Говорот на срцето“ од Славица Цветкова е во издание на Библиотеката „Искра“ која продолжува со издавање на дела од роднокрајни автори.

Цветкова досега има објавено седум книги од кои дел се поезија и приоза а дел истражувачко публицистички трудови за неколку населени места во Кочанската котлина./МИА