166
Деновиве во јавноста се појави анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија која се занимаваше со прашања поврзани со рејтингот на партиите, расположението на граѓаните за евроинтеграции, како и многу други прашања.
ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓаните во Скопје, кои на прашањето дали им веруваат на анкетите на агенциите, или поточно дали биле анкетирани, тие одговорија дека со скептицизам гледаат на анкетите и дека зависи од тоа кој ги нарачува.